Наставата во центарот се одвива во сопствени простории на улица Народен Фронт 5-II/5 во Капиштец.
Центарот е опремен со аудио и видео опрема, интерактивна табла, библиотека, многу постери, и флешкарти за подобрување на наставата.
Учебниците кои се користат се оригинални и се од англиски и германски издавачки куќи.
Од 2007 година центарот почна со имплементирање на Европското јазично портфолио за возрасни (16+) кое е координирано од Советот на Европа за да даде признание на учењето јазици на сите нивоа. Центрите во МАКС за првпат го применуваат ова портфолио и се поддржани од Британскиот Совет.
Наставата се одвива во групи, парови или индивидуално. Групите се од три до осум слушатели. Часовите по општ англиски и германски се двапати неделно по 45 минути за предучилишни и подготвителни курсеви. 2x60 минути за детски и гимназиски курсеви и 2x90 минути за возрасни, бизнис курсеви и меѓународни испити.
За да се доловат англиската и германската култура и традиција се слават сите англиски и германски празници заедно со македонските.
Самите ученици учествуваат во наставата преку правење на најразлични проекти кои се дел од материјалот или проекти поврзани со празниците.
Доколку има можност и интерес може да се организираат екскурзија во Лондон.
Центарот нуди и преведување од англиски, германски, српски , хрватски и албански јазик на македонски јазик и обратно.
Од 2013 година училиштето е член на Сојузот на Стопански Комори на Македонија како дел од Работната Група за Квалитет во наставата по странски јазик.